[ВИДЕО] Започна офанзивата на Харков: Русите по целовечерното гранатирање ја минале границата, напаѓаат од повеќе насоки, се водат жестоки борби

Точка

10/05/2024

18:06

3.987

Големина на фонт

а а а

Руските сили утрово ја минаа границата со Украина и влегоа во Харковската област. Русија претходно со часови гранатирала позиции на Вооружените сили на Украина повеќецевните лансери „BM-21 Grad“, по што наводно започнала и копнена офанзива во повеќе насоки. Некои воени блогери неофицијално наведуваат дека руските сили дошле и до првите села на украинската страна од границата, каде главна мета на нападот е Вовчанск кој се наоѓа на некои 70 километри од Харков.

„Во текот на ноќта извршиле моќна артилериска подготовка што ДРГ се обидоа да ја тестираат граничната линија“, навел Станислав Буњатов од украинската 24-та одвоена бригада „Ајдар“ и додал дека нападите биле одбиени.

Командантот на специјалната бригада „Кракен“ Константин Немичев претходно за „Ecomist“ рекол дека верува дека руската војска кон средината на мај повторно ќе се обиде да го нападне Харков.

Немичев нагласил дека Харков сега е многу позаштитен отколку во февруари 2022-ра година кога Русија ја започна офанзивата во целосен обем и дека Русите нема да можат да му пријдат на градот.

„Можат да напредуваат неколку километри во внатрешноста, но мислам дека нема да можат да минат преку 10 километри“, наведува командантот на специјалните сили ГУР Немичев за „Ecomonist“ и додава дека Харков има три линии на утврдувања и полна да ги сопре Русите.


„Economist“ наведува дека во близина на границата се распоредени околу 50.000 руски војници и дека постојат две сценарија за напад. Едното сценарио за напад би можело да биде изолација на градот со сечење на главниот пат кој води до Киев, додека друга опција би можела да биде Русите да пријдат на 10 километри од Харков и да ја стават источната периферија на градот во досег на артилериски оган за да се создаде тампон-зона за заштита на Белогород.

Украина наредила евакуација на Харковската област, Русите го разнеле клучниот мост кај Вовчанск

Според најновите информации од бојното поле, Украина итно праќа резерви во Харковската област за да ја сопре руската офанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврдил дека почнала офанзива на Харковската област и навел дека Украина подготвено го дочекала нападот.

„Русија започна нов бран контраофанзивни дејства во областа Харков. Нашата команда тоа го знаеше и ги пресмета своите сили да го дочека непријателот со оган. Се води жестока битка“, рекол Зеленски.

Министерството за одбрана на Русија наведува дека руските трупи упаднале во Харковската област во околу 5 часот наутро и дека се водат жестоки борби. Жителите забрзано го напуштаат Вовчанск и соседните населби каде гранатирањето започнале од вечерта.

„Повеќето луѓе заминуваат со сопствен превоз, додека во хуманитарен центар организираме евакуација на мештаните кои немаат свои возила. Работиме заедно со волонтери и полиција“, рекол началникот на локалната администрација Тамаз Гамбарашвили.

Украинскиот воен канал на „Телеграм“, „DeepState“, кој е блиско поврзан со разузнавачките служби, наведува дека руските сили напредувале кај Вовчанск.

„Нападот започнал во насока на самиот Харков и кон Вовчанск“, наведува „DeepState“ и додава дека руските сили заземале неколку села на границата на Харковската и Белгородската област.

„DeepState“ наведува дека Русите тргнале во напад и со оклопни возила.

„Reuters“, повикувајќи се на високорангиран воен извор од Украина, наведува дека Русите го пробиле фронтот кај Вовчанск во длабочина од еден километар.

„Русите се обидуваат да направат тампон-зона“, наведува изворот.

Руската војска со проектил „X-28ML“ го погодила мостот преку реката Волчје кај Вовчанск во атарот на селото Зибин. Така вооружените сили на Русија значајно му го отежнале на противникот снабдувањето на трупите кои се наоѓаат во близина на границата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг