Нова драма на Евровизија: Холанѓанецот санкциониран, засега нема проби за него, се огласи и ЕБУ – „Под истрага е поради инцидент“

Точка

10/05/2024

18:14

8.079

Големина на фонт

а а а

Холандскиот претставник на Евровизија, Џуст Клајн, денеска требаше да настапи на петтата проба. Меѓутоа, тој не се појави на сцената, иако пристигна во арената со останатите кандидати. За неговото отсуство се огласи ЕБУ.

„Во моментов истражуваме инцидент кој нѝ беше пријавен, а во кој е вмешан холандскиот претставник. Нема да има проби на неопределен рок. Засега немаме други коментари“, изјавија оттаму.


Џуст со останатите 9 финалисти од второто полуфинале присуствуваше на конференцијата за медиуми. Тој седеше до израелската претставничка Еден Голан и цело време ја криеше главата под знамето на својата земја, на страната од лицето која гледала кон Израелката. Кога таа започнала да одговара на прашањата, Холанѓанецот целосно ја покрил главата.

Еден новинар ја прашал Еден дали смета дека со себе донела ризик и опасност за другите натпреварувачи, на што водителот ѝ кажал дека не мора да одговара на прашањето. Џуст на тоа гласно рекол: „Зошто не?“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг