Направете ја најубавата торта на светот: Се подготвува лесно и брзо, неодоливо е кремаста и полна со чоколадо

Точка

10/05/2024

17:35

9.745

Големина на фонт

а а а

Празниците завршија, но тоа не значи дека не треба да заврши и нашата еуфорија и уживањето во највкусните рецепти – зар не?

Доколку сè уште не сте смислиле со кој десерт да ги изненадите вашите најблиски, имаме идеален рецепт кој ќе го обожуваат сите!

Рецепт за чоколадна мус торта


Потребни состојки

За кора:

Чоколадо – 100 гр;

Путер – 75 гр;

2 јајца;

Шеќер – 70 гр;

1 лажичка рум;

Слатка павлака 400 мл

За глазура:

Слатка павлака – 100 мл;

Чоколадо – 100 грама.


Подготвување:

1. Чоколадото и путерот исечкајте ги, ставете ги во сад и стопете. Јајцата и шеќерот се матат додека не станат пена, рачно измешајте ги растопената чоколада и путерот, па додајте просеано брашно и рум. Смесата истурете ја во калап со пречник од 20 см кој претходно сте го премачкале и посипале со брашно, печете околу 20 минути на 140 степени и оставете да се излади во калапот.

2. За мусот, прво изматете ги белките со шеќер, а потоа додајте ги жолчките и гответе на пареа 10 минути. Додајте ја скршената чоколада, па мешајте да се стопи и тргнете од оган. Изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Кога филот од јајцата и чоколадата ќе се излади, додадете ја изматената слатка павлака и миксирајте со најмала брзина. Мусот прелијте го преку изладената кора и добро изладете во фрижидер. Растопете ги слатката павлака и чоколадото, внимавајќи смесата да не зоврие.


3. Откако ќе се излади, прелијте преку оладената торта и вратете во фрижидер уште еден час за да се стегне глазурата. Украсете со бланширани листови бадем или рендано чоколадо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг