[ФОТО] Прстен од 2 милиони евра и свадба од соништата: Која е убавицата за која сите зборуваат?

Точка

10/05/2024

17:20

4.333

Големина на фонт

а а а

Венчавката се одржа минатиот викенд, а невестата блесна во бел раскошен венчален фустан и му кажа „да“ на милијардерот.

Нада Камани се омажи за познат британски бизнисмен „вреден“ околу 1 милијарда американски долари, основачот на брендот „Pretty Little Thing“, Умар Камани, а спектакуларната и бајковита венчавка се одржа на југот на Франција.

Оваа прекрасна 31-годишна бринета ја воодушеви јавноста со венчаница од престижната модна куќа Диор, која несомнено изгледа како венчаница за која секоја жена сонува за својот посебен ден.

Нејзиниот сопруг носеше црн костум на Том Форд и бела кошула. Покрај раскошната венчавка организирана минатиот викенд, тие имаа веридба во Монте Карло во 2021 година, кога Умар ја запроси Нада со дијамантски прстен вреден 2 милиони евра.


Тие го привлекоа вниманието на јавноста една година пред нивната свршувачка, во 2020 година.

Неверојатната Нада е активна на социјалните мрежи и е голем вљубеник во модата, па редовно ги објавува своите модни комбинации. Таа често присуствува и на модни настани и ревии, а речеси никогаш не ги пропушта ревиите на Диор, па не е воопшто чудно што ја одбрала нивната креација за нејзината свадба.

Таа ги фаворизира црно-белите комбинации, а нејзиниот стил може да се окарактеризира како едноставен, елегантен и префинет.

Дипломирала право, има британско-саудиско потекло и Дубаи го нарекува својот дом. Покрај тоа, таа има успешна манекенска кариера зад себе.

Нејзини пријателки се Емили Ратајковски и Наоми Кембел, која беше и госинка на свадбата на Нада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг