Ѓорческа запрена во четвртфиналето на силниот турнир во Трнава

Дерби

10/05/2024

13:57

212

Големина на фонт

а а а

Лина Ѓорческа одигра одличен турнир во Трнава, но денеска е запрена во четвртфиналето и тоа во дуелот со подобро рангираната Вероника Ерјавец.

Двете тенисерки беа несигурни на свој сервис и во првиот сет имаше дури брејка, од кои четири гејма на сервис на противничката освои Словенката, па го доби сетот со 6:3.

Ѓорческа го започна одлично вториот сет, направи два брејка за 3:0, но Ерјавец се врати на идентичен начин до 3:3, за да направи уште еден клучен брејк во десеттиот гејм за 6:4 и победа од 2:0.

Најдобрата македонска тенисерка на турнирот со награден фонд од 60.000 долари претходно ја победи првата носителка Миа Хонтама, како и подобро рангираната Полина Кудерметова.

Денеска, сепак доживеа втор пораз за четириесетина дена од Ерјавец, која е осма носителка во Словачка и сега останува во игра и за триумф на овој турнир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг