„Бев со над 100 оженети мажи и сите од нив ми открија која зошто ги изневеруваат сопругите: Еве каде грешите“

Точка

10/05/2024

23:25

19.482

Големина на фонт

а а а

Гвинет Ли има 52 години, а зад неа има и голем број љубовници. Имено, таа не се двоуми да признае дека често има интимни односи со оженети мажи, а ги открила и главните причини поради кои мажите ги изневеруваат своите сопруги.

„Филмски продуценти, финансиери … ова се само дел од мажите со кои моментално се гледам, а сите сакаат друга жена“, признала жената која спиела со преку 100 оженети мажи.


Сум била со повеќе од 100 оженети мажи

Гвинет истакнува дека била со преку 100 оженети мажи, кои имаат прилично отворен однос со неа и кои, на некој начин ѝ се доверуваат. Меѓутоа, другите жени не ја поддржуваат.

„Некои жени се лути на мене. Во една прилика, бремена познаничка слушна дека се гледам со оженет човек и насрна на мене. На еден настан таа ме удри и обвини дека ги уништувам семејствата на луѓето. Не требаше да се грижи, не постоеја шанси ниту да се завртам по нејзиниот сопруг.

Размислувам за луѓето кои ме критикуваат и се прашуваат: ’Дали сте среќни дома гледајќи ги утринските емисии? Или копнеете за возбуда, како мене?‘“


Омилениот тип љубовник на Гвинет се богатите, интелектуалните, широкоумни мажи.

„Добивав скапа гардероба и накит. Неодамна добив автомобил и шармантна слика од Салвадор Дали“, зборувала Гвинет за тоа како често добива прекрасни подароци од своите љубовници.

„На сцената има толку многу оженети мажи кои се потенцијални за афера. Филмски продуценти, претприемачи, тие се само дел од мажите со кои се гледам во моментов, сите имаат свои жени, а посакуваат друга“, истакнала Гвинет, која особено нагласува дека на многумина им ги спасила браковите.


Оваа необична жена нагласува дека главниот проблем во браковите, всушност е, досадата.

„Мака им е од нивните лица, од телата, мака им е од разговорите со нив. Тоа е како пандемија … кој сака да поминува толку време со една личност? Сум била со повеќе од 100 оженети мажи и сите до еден ми кажаа дека се со мене затоа што нивните сопруги им здодеале.

Открила и дека есента е период во кој се случуваат најмногу неверства, затоа што враќањето на децата на училиште и на факултет им носи повеќе слободно време на родителите.


„Луѓето можат да лажат и да велат дека се на состаноци. Всушност, наскоро договарам состанок со мојот љубовник, а тој го користи токму тој изговор. Неговата сопруга не знае и не ми е гајле. Зошто би се чувствувала виновна? Товарот е на него, не на мене“, објаснила Гвинет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг