[ФОТО] „Кога мајка ти е Џенифер Лопез, а ти изгледаш вака“: Ќерката на славната пејачка трпи страшни навреди на сметка на изгледот

Точка

10/05/2024

15:13

6.418

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез била фотографирана со ќерката Ема (16) додека поминувале заедничко време во музејот Лувр во Париз.

Тие биле прекрасно расположени, а во фокус на јавноста откако се појавиле фотографиите се нашле двете откако јавноста почнала да го споредува нивниот изглед.

Ема и претходно била на мета на критики баш затоа што има свој личен стил и не се облекува како нејзината атрактивна мајка.


Овојпат Ема вниманието го привлекла со интересната фризура и автентичниот стил, типичен за тинејџерите. Меѓутоа, иако Џенифер Лопез се труди да биде подалеку од очите на јавноста, на Ема не ѝ е лесно да расте со товарот на популарноста на нејзината мајка.

Каде и да се појави, таа предизвикува голем итнерес, а многумина ѝ замеруваат што има целосно поразличен стил од мајка ѝ. Поради тоа, за жал, во неколку прилики била изложена на злобни и грозни коментари на социјалнтие мрежи каде дежурните коментатори ја советуваат да се огледа на нејзината мајка.


„Кутра, личи на тетка“, „На кого е ваква?“, „Кога мајка ти е Џеј Ло, а ти изгледаш вака“, биле само дел од злобните коментари на социјалните мрежи кои не изостанале ниту овојпат.

Да ве потсетиме, Џенифер, Ема и нејзиниот брат близнак ги добила од бракот со пејачот Марк Ентони со којшто била од 2004 до 2014 година, а денес таа е во брак со Бен Афлек, поранешниот сопруг на Џенифер Гарнер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг