Куртоа ќе добие предност пред Лунин во финалето на ЛШ

Дерби

10/05/2024

12:47

1.735

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ќе влезе како фаворит во дуелот со Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите, а тренерот Карло Анчелоти во моментов има проблем само со повредата на Орелијан Чуамени.

Останатите фудбалери кои најчесто се стартери ќе ја темпираат формата за дуелот на „Вембли“, а таму од првата минута веројатно ќе се најде и Тибо Куртоа.

Белгискиот голман направи долга пауза поради повредата на лигаментите на коленото заработена пред стартот на сезоната, но полека се враќа во форма и „Релево“ тврди дека ќе биде приоритет на италијанскиот тренер за финалето.

Шпанскиот медиум посочува дека Анчелоти очекува шансите на Реал за победа во финалето да бидат поголеми со Куртоа на голот, што е лоша вест за Андриј Лунин, кој зад себе има одлична сезона.

Украинецот доби доверба за настап на реваншот со Баерн Минхен, но сега Куртоа е во подобра позиција во пресрет на финалето. Дел од медиумите тврдат дека Анчелоти за оваа одлука има поддршка и од претседателот Флорентино Перез, па изборот на Куртоа нема да му предизвика проблем со менаџментот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг