Филаделфија го доби најталентираниот Американец, пресудила клаузулата поврзана со Манчестер Сити

Дерби

10/05/2024

11:49

1.562

Големина на фонт

а а а

Американскиот клуб Филаделфија Јунион се пофали со ангажирањето на најголемиот домашен талент, 14-годишниот Кевен Саливен.

Се работи за играч кој поседува голем потенцијал и веќе се истакнал со своите фудбалски квалитети, а кој бил привлечен од новиот клуб и со интересна клаузула која му овозможува шанса во редовите на се уште актуелниот европски првак, Манчестер Сити.

Тинејџерот ќе настапува за екипата чиј член е и неговиот постар брат, а станал петтиот најмлад играч кој потпишал професионален договор со клуб од МЛС.

Иако Филаделфија не ја потенцира клаузулата поврзана со Манчестер Сити, самиот Саливен го истакнал тој момент на претставувањето пред медиумите.

– Отсекогаш сакав да ја започнам професионалната кариера овде, бидејќи ова е мој дом, тука редовно ги следам и натпреварите на мојот брат.

– Секогаш бев инспириран од можноста да играм пред овие фанови, но исто така важна улога има и соработката на Филаделфија со Манчестер Сити, мислам дека тоа пресуди. Секогаш го гледам Сити, тие се како тим од соништата на секое дете. Кога двата клуба постигнаа договор за нешто во однос на мојата кариера, јас, мојата фамилија и агентите решивме дека тоа е најдобра опција, – изјавил големиот американски талент.

Ако Саливен дебитира пред 29. јули, ќе го собори рекордот на Фреди Аду за најмлад дебитант во МЛС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг