ПСВ се откажал од играч на Барселона, шпанскиот клуб добива дополнителен финансиски проблем

Дерби

10/05/2024

11:46

1.359

Големина на фонт

а а а

Раководството на Барселона се обидува да обезбеди квалитетен и конкурентен ростер во ситуација кога клубот е под постојан притисок на актуелната финансиска ситуација, па секој потег има влијание на буџетот со кој располага екипата во текот на една сезона.

Затоа и шпанските медиуми ја протолкуваа како многу лоша вест информацијата дека ПСВ се откажува од откупување на договорот на Сержињо Дест и тој ќе треба да се врати во својот матичен клуб.

Новиот холандски шампион не сака да плати 11 милиони евра за десниот бек кој е повреден од минатиот месец, па Дест не само што ќе се врати во Барса, туку прво го чека период на рехабилитација и нема да биде во игра за трансфер во летниот преоден рок.

Самиот Дест потврдил дека му е потребен оперативен зафат за подобро заздравување, а исто така и дека нема да настапи за својата репрезентација на претстојното издание на Копа Америка.

Договорот на американскиот репрезентативец истекува следното лето, па Барса веројатно ќе се раздели со фудбалерот без никаква отштета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг