[ВИДЕО] За новата серија на „Netflix“ велат дека се гледа во еден здив, а веќе се најде на второто место на листата на најпопуларни

Точка

09/05/2024

14:00

2.979

Големина на фонт

а а а

На „Netflix“ пристигна новата политичка сатира со наслов „A Man in Full“ и во првата седмица на стриминг сервисот се најде на втората позиција во топ 10 најгледани, веднаш зад серијата „Baby Reindeer“.

Во шестделната ограничена серија, американскиот актер Џеф Даниелс ја презема улогата на тајкун на недвижнини од Атланта со име Чарли Крокер, чие царство е на раб на колапс.

Серијата е направена врз основа на истоимениот роман на Том Волф, а Чарли е фигура како Доналд Трамп, мора да го брани она што го изградил од оние кои сакаат да го искористат неговиот пад.

Серијата е втора на листата најгледани на глобално ниво, а во првата седмица на стриминг сервисот има 28 милиони часа гледање.

На социјалните мрежи се нижат препораки, а на Твитер многумина пишуваат дека серијата се гледа во еден здив, како и дека многумина не можеле да се запрат, па сите епизоди од серијата ги гледале во една вечер.


Адаптацијата ја оживеал Дејвид Е. Кели, писател и креатор којшто работел на снимање на сериите „Big Little Lies“ и „Anatomy Of A Scandal“, а глумат Дајана Лејн, Том Пелфри, Вилијам Џексон Харпер и други.

„A Man in Full“, „The Guardian“ веќе го опишал како „достојна замена за серијата „Succession“, популарна серија чија последна сезона на „HBO“ пристигна минатата година.

„Deadline“ исто така ја пофалил актерката екипа, пишувајќи: „Квадратот во лутата крстосница на урбаната политика, трговија, раси, демографија и ривалство, „A Man in Full“, мини-серија која има многу да понуди заедно со суперлативната актерска екипа“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг