[ФОТО] Првото огласување на Сергеј Трифуновиќ по апсењето: „Денес ми го вратија телефонот, имам 6.000 пропуштени повици и пораки“

Точка

30/04/2024

21:28

9.145

Големина на фонт

а а а

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (51) неодамна беше уапсен додека купувал дрога.

Сергеј Трифуновиќ се огласил за првпат на својот „Instagram“ профил откако на 18 април околу 20 часот бил уапсен на Вождовец.


Сергеј, имено, на слобода бил пуштен на 20 април, после сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград, кога му било укинат притворот, пренесува српски „Блиц“. Според извори на српските медиуми, Трифуновиќ признал дека дрогата ја поседувал за лична употреба, па не останал во притвор.

Две недели подоцна, тој конечно се огласи на оваа тема на социјалните мрежи.


„Дури сега си го добив телефонот назад. Бев на вештачење со цел да се откријат и другите членови на мојот наркокартел. Имам 6000 пропуштени повици и пораки и во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката. Поединечно, тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правдата во Србија постои и дека органите си ја вршат својата работа. Сега јас сум сосема поинаков човек. Превоспитан. Подобар. Спортист. Сите да излезете на избори“, напиша тој во својата објава на „Instagram“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг