[ФОТО] Шакира во полупроѕирни парчиња на насловната на „Marie Claire“: Колумбиската пејачка му се приклучи на „no pants“ трендот

Точка

29/04/2024

17:46

8.366

Големина на фонт

а а а

Колумбиската пејачка Шакира позирала за насловната страница на магазинот „Marie Claire“, а за оваа прилика и таа се приклучи на сè попопуларниот тренд „no pants“ (без панталони).

Таа за насловната страница носела полупроѕирно откопчано боди без долен дел облека како што налага трендот, кое го комплетирала со црн ремен со златен детаљ и златни парчиња накит.


За другите фотографии во ова издание на магазинот, Шакира носела црн мини фустан со долги ракави со уште еден впечатлив ремен, а и ова парче облека било речиси проѕирно.

Меѓу парчињата кои ги носела за фотосесијата се беж боди украсено со светки, сива јакна со реси и црн кожен комплет.


Во интервјуто, пејачката повторно проговори за својот љубовен живот, велејќи дека сè уште верува во љубовта.

„Не можам да кажам дека не верувам во љубов бидејќи го гледам примерот на моите родители после 50 години заедно, како се гледаат во очи и се држат за рака и не можат да живеат одвоено еден од друг. Бев сведок на љубовта, едноставно немав толку среќа“, рече таа, изјавувајќи дека „моногамијата е утопија“.

Пејачката вели дека и покрај нејзините искуства, сака нејзините деца да го следат патот на лојалноста и чесноста: „Си поставив за цел да одгледам лојални момчиња, чесни луѓе. Сакам тие да бидат луѓе од збор. Во денешниот свет, човековиот збор е често безвреден. Луѓето премногу ветуваат и недоволно исполнуваат, а јас сакам моите деца да бидат токму спротивното“, вели Шакира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг