[ФОТО] Актерката која сите ја обожуваме се бори со канцер, а веќе сѐ организирала за својата смрт – сега била снимена во јавноста, еве како изгледа

Точка

29/04/2024

17:30

6.900

Големина на фонт

а а а

Актерката Шенон Доерти била забележана кај одморалиштето „Soho House“ во Малибу во Калифорнија.

Ѕвездата на „Беверли Хилс“, која ја толкуваше улогата на Бренда, живее со канцер во четврти стадиум, а во својот поткаст често говори за својата состојба.

Сега таа била забележана во Малибу во друштво на пријателка со која одела на ручек.


На актерката Шенон Доерти канцерот на дојка првпат ѝ бил дијагностициран во 2015 година. Потоа била во ремисија во 2017 година, а канцерот се вратил во четврти стадиум во 2019 година. Потоа во јануари 2023 година била на операција на мозокот и терапија со зрачење.

Во ноември минатата година открила дека канцерот ѝ се проширил и на коските и дека поради тоа ѝ останале уште три до пет години живот.

Сепак, многумина биле изненадени кога ги виделе нејзините нови фотографии затоа што актерката изгледа многу подобро од претходно. Иако своевремено рекла дека не сака да умре, Доерти објаснила дека не се плаши од смртта.


„Не сакам да умрам. Мислам дека би се плашела од смртта да не бев добра личност, но сум. Не се плашам од умирање, само не сакам да умрам, никогаш“, објаснила актерката.

„Не сум готова со живеењето, не сум готова со сакањето, не сум готова со креирањето, не сум готова со менувањето работи на подобро. Не сум готова. Моите најдобри сеќавања допрва доаѓаат“, додала таа.

Во својот поткаст на почеток на април споделила дека моментално приоритет ѝ е нејзината мајка.

„Мојот приоритет во овој момент ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко доколку умрам пред неа“, искрено изјавила 53-годишната актерка.


„Тоа би ѝ било тешко, па сакам некои нешта да ѝ бидат многу полесни. Не сакам да има многу работи од кои ќе треба да се ослободи“, додала актерката.

Инаку, јавноста ја вознемири веста кога Доерти дознала дека нејзиниот сопруг Курт ја изневерил непосредно пред таа да оди на операција на отстранување на туморот од мозокот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг