[ВИДЕО] Уште едно во низата бизарни парчиња: „Balenciagа“ продава нараквица која изгледа на селотејп лента, а цената...

Точка

29/04/2024

14:10

6.632

Големина на фонт

а а а

„Balenciaga“ има ново бизарно парче накит – брендот сега продава нараквица која изгледа како селотејп лента која може да се најде на онлајн продавниците по цена од 4400 долари.

Нараквицата во облик на лента беше претставена за време на ревијата на „Balenciaga“ за зима 2024 година, на почетокот на март, но дури сега го привлече вниманието на јавноста.


Најновиот бизарен моден додаток на „Balenciaga“ стана тема на разговор откако беше објавено видео на ТикТок профилот на „Highsnobiety“ кое прикажува како тој изгледa.

„Дали би го носеле ова?“, пишува во описот на видеото, а овој моден додаток предизвика бројни реакции.

Во коментари, многумина се сложуваат дека овде станува збор за социјален експеримент: „‘Balenciaga’ е социјален експеримент во кој се продаваат бесмислени работи на богати луѓе“, „Мора да се шегувате“, „Татко ми го направи ова додека ја бојадисуваше куќата, веројатно и тој е волку модерен“, „Дизајнерите на ‘Balenciaga’ ви се смеат во лице“.


Ова е само едно во низата бизарни парчиња облека и обувки кои ги претстави „Balenciaga“, а кои претходно го привлекоа вниманието како јакната од седум слоеви, уништените патики, кожната кеса за ѓубре, „крокс“ папучите со потпетица итн.

Последно во низа беше здолништето кое изгледа како обичен пешкир обвиткан околу половината, а цената на ова необично парче облека изнесува 925 долари (околу 853 евра).



Спонзорирани линкови

Маркетинг