Деколтето на Ријана било во преден план, но поради фустанот стана мета на критики: „Изгледа како циркус“

Точка

27/04/2024

19:20

7.627

Големина на фонт

а а а

Ријана отвори нова продавница на нејзиниот бренд „Fenty Beauty“ во Лос Анџелес, а поради фустанот кој го носела на отворањето, пејачката стана мета на критики на многу корисници на социјалните мрежи.

Таа се одлучила за креација која го истакнала нејзиното бујно деколте. Изгледот го надополнила со високи потпетици на врзување и накит, но многумина сметаат дека овој моден избор бил целосна грешка.

„Изгледа како да се замотала во завеса пред да излезе од дома“, „Зарем не можела да купи фустан во нејзината големина?“, „Ова е најлошото нешто што некогаш го облекла“, „Изгледа како циркус. Апсолутно промашување“, се некои од коментарите.

Брендот „Fenty Beauty“, кој Ријана го основаше во 2017 година, најави соработка со компанијата „Puma“. На почетокот на овој месец таа отвори продавници во Кина, кој е втор најголем пазар за убавина во светот по САД.

„Кина има толку богата култура која отсекогаш ме инспирирала и едвај чекам да го споделам „Fenty Beauty“ со сите вас, славејќи ја вашата единствена убавина. Ви благодарам многу што ми помогнавте да го остварам мојот сон“, рече таа претходно.

За потсетување, индискиот милијардер Мукеш Амбани минатиот месец организираше луксузна забава за својот син Анант Амбани и неговата вереница Радика Мерчант. Во рамките на оваа забава Ријана одржа настап за кој беше платена дури 6 милиони евра, но доби критики од фановите кои сметаат дека не се потрудила доволно околу истиот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг